Израелскиот премиер: Ќе помагам, иако мали се шансите за успех!

Нафтали Бенет – премиерот на Израел изјави дека ќе продолжи да се обидува да помогне во решавањето на кризата во Украина, иако, според него, шансите за успех не се големи.

Бенет денеска повторно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, третпат во последните два дена, потврди портпаролот на израелскиот премиер, без да даде дополнителни информации за разговорите.

Од премиерскиот кабинет вчера соопштија дека Бенет заминал во ненајавена посета на Москва за да разговара за украинската криза со рускиот претседател Путин.

Бенет, на барање на Украина, се понуди Израел да посредува во решавањето на руско-украинската криза.