Убил семејство со две мали деца затоа што му доцнеле со киријата!

Невидено злосторство се случило во грчкиот град Андравида, на северозападот на Пелопонез.

Според извештаите на грчките медиуми, 60-годишен маж признал дека  убил брачна двојка и нивните две мали деца затоа што доцнеле со плаќањето кирија.

Мајката имала 37, а таткото 32 години, додека децата биле на возраст од 3 и 2 години. Сите биле пронајдени мртви во средата во нивниот дом.

Родителите биле убиени со огнено оружје, а децата задавени, јави државната телевизија „ЕРТ“.

Убиецот е уапсен синоќа доцна навечер во пристанишниот град Патра, на околу 50 километри североисточно од Андравида.

Информациите за убиецот се дека имал екстремистички ставови и дека објавувал расистички пораки на социјалните мрежи.