Голем дефект со струјата остави без струја жители на Битола, Куманово и Ѓорче Петров

Центарот за управување со кризи известува дека поради дефект во мрежата без струја е дел од Централното градско подрачје во Битола, Блажо Рогозино, Управна зграда, Кирил и Методи, Дом на Култура. Исто така, струја нема кај дел од корисниците во битолските села Долно Оризари и Карамани.

Поради дефекти на електросистрибутивната мрежа во моментот без електрична енергија се и корисниците од:

-Општина Куманово- Деловце, Длабочица, Драгоманце, Жеглане, Малотино, Осиче, Арбанашко, Кокино, Буковјане;

-Општина Ѓорче Петров- дел од Новоселски пат, Дел од Волково, Орман, Никиштани.