„Русија почнува да ја разбира „вистинската цена на војната“ пред отпорот на Украина, така што преговорите меѓу двете страни почнуваат да стануваат конструктивни“. Ова го изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател. Тој за канадскиот весник „The Globe and Mail“ вели дека почнува да се забележува мала промена во односот на Русија кон украинскиот отпор и меѓународните санкции.
„На самиот почеток на војната (Русите) инсистираа на целосна доминација. Тие не очекуваа таков силен отпор од Украина“ – рече Подољак.
„Тие почнуваат да ја разбираат вистинската цена на војната. Така, ние почнуваме да водиме конструктивни преговори“ – додаде Подољак кој учествуваше во првите две рунди преговори меѓу Украина и Русија.
Третата рунда преговори е закажана за в понеделник, соопшти украинската делегација.
„Русите изгубија големи количества оружје и луѓе. Санкциите какви што никогаш не сме виделе ја уништуваат нивната економија. Нивната земја е одметник од меѓународната сцена и нивната пропаганда не функционира“ вели Подољак.