Грозоморно убиство во Скопје, ја удирал баба му по глава и вратот а потоа ја задушил

На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, 28-годишен скопјанец ја убил својата баба. Според сознанијата на полицијата осомничениот најпрво ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот за потоа да ја задуши.

Од МВР велат дека Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На скопјанецот му е поднесен предлог за определување притвор од причини што тој може да избега или да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. Од овие причини предлогот на обвинителството е прифатен и на осомичениот му е определен притвор во траење од 30 дена.