Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Евиа.
Земјотресот се случил во 16:14 часот по локално време, на 23 километри источно-југоисточно од Кими на Евиа. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а сеизмички потреси биле почувствувани и во Атика, пренесува Катимерини.