Да се плива во надојдениот Вардар не беше ни малку лесно. Надојдената и студена вода им го отежна пливањето на скокачите, па спасувачките екипи ги извлекуваа со чамци и јажиња.
Чествувањето почна од храмот „Рождество на пресвета Богородица“ каде со божествената литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ. Тука голем број верници во редица чекаа за да си наполнат осветена вода.
Потоа, со црковна поворка крстот беше донесен до мостот „Слобода“ од каде архиепископот порача дека на Богојавление се слави јавувањето на Бога пред човечкиот род.
На манифестацијата дојдоа илјадници граѓани, како од Скопје, така и од другите градови. Присутно беше и засилено полициско обезбедување.