„Европската унија мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија за гас, нафта и јаглен преку диверзификација, енергетска ефикасност и енергетска транзиција“. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Мадрид.
„Енергијата останува едно од критичните прашања. ЕУ мора да се ослободи од зависноста од руската нафта, гас и јаглен. За да го направиме ова, треба да ги диверзифицираме набавките, да постигнеме подобри резултати во енергетската ефикасност и треба многу да инвестираме во обновливите извори на енергија“ – рече Фон дер Лајен.