Легендата на светската атлетика, актуелен претседател на Украинскиот олимписки комитет – Сергеј Бубка на Твитер со порака „Ќе победиме“.
„Ја сакам Украина со целото мое срце. Под нејзиното знаме ги освоив најголемите почести. Ќе победиме“ – порача поранешниот светски рекордер во скок со стап.
„Драги мои Украинци, олимпиското семејство не е рамнодушно на нашата болка. Како и секој Украинец, сега не можам да спијам. Својата земја ја бранам со сите средства, кои ми стојат на располагање, користејќи ги сите свои меѓународни врски“ – рече Бубка.
Првиот човек во историјата кој прескокна 6 метри изрази благодарност за пораките со поддршка од целиот свет.
„Војната мора да престане, мирот и човечноста мора да надвладеат“ – додаде Бубка.