Рамуш Харадинај – лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово го повика премиерот Албин Курти официјално да побара зачленување на Косово во Северноатлантската алијанса.
Екс-премиерот му порача на актуелниот претседател на косовската Влада да не доцни со апликацијата за членство во НАТО, затоа што, како што напиша на неговата страница на Фејсбук, ситуацијата е мошне сериозна.
„Премиеру Курти, поднеси официјално барање за зачленување на Косово во НАТО. Немој да одолговлекуваш, затоа што ситуацијата е посериозно одошто можеш ти да мислиш! Јавните реторики за зачленување не се доволни. Дејствувај според процедурите и преку институциите“ – напиша Харадинај.