Претседателот на Русија – Владимир Путин денеска изјави дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот.
„Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја“ рече рускиот претседател за време на состанокот со вработените во „Аерофлот“.
Тој смета дека воведувањето зона на забранети летови ќе има „колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“.
Путин ги отфрли гласините дека Русија планира да прогласи воена состојба по воениот упад на неговата земја во Украина.