Маричиќ: Постои иднина за сите кои ќе го променат лошото за животната средина

Вложуваме во сигурна енергетска иднина на државата преку инвестиции во фотоволтаични системи, во гасификација, ветерни паркови, а тоа ќе значи подобар квалитет на живот, пониски сметки и заштеда на енергијата, како и заштита на животната средина“. Ова на Фејсбук го објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод 5 март – Светскиот ден на енергетската ефикасност.

„Светскиот ден на енергетската ефикасност, 5 март, во време на забрзани климатски промени на нашата планета, останува една од најважните теми на денешницата. Сметам дека постои одржлива иднина за сите нас кои сме подготвени да го промениме и поправиме она што е лошо за животната средина“ – наведува Маричиќ.

Тој потенцира дека ние покажавме оти сме во синергија со Европската Унија, држејќи ја Зелената агенда високо на приоритетната листа, комплетно применувајќи ги мерките од Законот и од Програмата за енергетска ефикасност.

„Оваа година овој ден во светот се одбележува под мотото „Заштеда на пари, Намалување на загадувањето, Креирање на нови работни места“, вредносни критериуми и цели на кои силно е посветена и Владата на Република Северна Македонија“ – додава Маричиќ во објавата.