Почина Александар Диневски – еден од осудените во аферата Шпион

Почина Александар Диневски, еден од осудените во аферата Шпион, кој до денеска ја следат бројни контроверзи, а според обвинетите, станува збор за целосно монтиран случај.

Александар Диневски е поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина“, од последните години пред распадот на екс Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.

За неговата неочекувана смрт се огласи влијателниот Божидар Божиновски:

Денес почина еден голем човек и борец, историска личност важна за осамостојувањето на Македонија без крв Александар Диневски. Никогаш не го испивме кафето шо го договаравме, многу муабети ни останаа недовршени. Нека ти е светол патот и сочувство до семејството.