Песков: Светот е преголем за Европа и Америка да изолираат земја како Русија!
Официјален Кремљ денеска соопшти дека Западот се однесува како бандити, но дека Русија е премногу голема за да биде изолирана бидејќи светот е многу поголем од САД и Европа. Ова го пренесоа британските медиуми.
Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков утринава во брифинг со новинарите рече дека Западот е ангажиран во „економска бандитерија“ против Русија и дека Москва на тоа соодветно ќе одговори. Тој не прецизираше каков ќе биде одговорот, но кажа дека ќе биде во согласност со руските интереси.
„Ова не значи дека Русија е изолирана“ – им рече Песков на новинарите.
„Светот е преголем за Европа и Америка да изолираат земја, а уште повеќе земја голема како Русија. Има многу повеќе земји во светот“ потенцираше тој.
Песков додаде дека доколку САД воведат санкции врз рускиот извоз на енергија, тогаш тоа ќе предизвика значителен потрес на енергетските пазари.