Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доцна попладнево беше во Волино – Дебарца каде се отвори нов штаб на партијата. Претходно тој беше во Вевчани, каде присуствуваше на вевчанскиот карневал.
Во пресрет на Василица се кршеше и лепче со паричка која се падна кај Мицкоски.
„На традиционалниот Василичарски собир во Волино, паричката од лепчето падна кај мене. Следната година веќе се знае каде ќе бидам на овој ден. Нека е за многу години!“ објави Мицкоски на Фејсбук.