Претседателот на Русија – Владимир Путин телефонски го информирал германскиот канцелар Олаф Шолц дека викендов ќе се одржи третата рунда од разговорите меѓу делегациите на Русија и Украина.
Двајцата државници разговарале 1 час, соопштија од германската влада.
Канцеларот Шолц го повикал руското раководство веднаш да ги прекине сите непријателства и да обезбеди хуманитарен пристап до областите погодени од војната.
„Претседателот Путин го информира германскиот канцелар дека Русија и Украина за викендов планираат трета рунда разговори“ – се наведува во соопштението.
Според информациите, Путин во текот на разговорот рекол дека е подготвен да разговара за начините за ставање крај на руската инвазија врз Украина, но само доколку се исполнат условите што ги постави на почетокот на конфликтот.
Шолц и Путин се договориле наскоро да имаат дополнителни разговори.