„Македонската православа црква има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти“. Ова е ставот на митрополитот пловдивски – Николај. Според него, тоа право го има и црквата во Украина.
Митрополитот Николај повика на смирение, скротување и смирение на страстите и луѓето.
„Во деновите на постот луѓето мора да се молат Господ да им даде сила и да ја прекине војната во Украина и да побараат прошка, бидејќи нема друг пат“ смета митрополитот пловдивски Николај кој рече дека пред многу години во Украинската епархија на Руската православна црква започнала желбата за одвојување како автокефална.
Според него, сега се очекува Српската црква да и додели автокефалност на Македонската црква, додавајќи дека црквата во Украина очекувала да добие автокефалност од Московската патријаршија, која не требало да ја одбие.