Антони Блинкен – државниот секретар на САД вели дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија. Тој не можеше да процени колку долго конфликтот би можел да трае, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.
„Оваа издржливост на украинскиот народ е неверојатна. Ако Москва се обиде да ја собори украинската Влада и да воспостави марионетски режим, 45 милиони Украинци ќе го одбијат тоа на овој или оној начин. Текот на нападот досега не се одвиваше како што Путин планираше“ – рече Блинкен.
Тој вчера изјави дека доколку прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.
„Тоа пред само една недела изгледаше невозможно“ – додаде Блинкен.