
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели, потребни се промени зашто секој ден се случуваат скандали, како последниот со како што го нарече, бандитскиот упад во контролата за летање на македонската навигација. Според него, судство и обвинителство не ги казнуваат виновниците за вакви тешки кривични дело. Мицкоски направи паралела со други држави, каде одговорните за вакви настани веднаш би биле најстрого санкционирани.
Во опозициската партија се прават последните комбинаторики пред формирање на техничката влада. ВМРО-ДПМНЕ на 11-ти месецов треба да пресече за нивните кадри, но, Мицкоски вели дека Џафери не ја заслужува нивната поддршка за технички премиер.
Се уште не е закажана лидерска средба Ковачевски и Мицкоски. Седницата за избор на новата пржинска влада се очекува да се одржи на 27 – ми јануари, а испразнетото место во ДИК сè уште е камен на сопнување меѓу власта и опозицијата.