Шпанскиот стратег на клупата на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола на прес-конференција зборуваше за војната во Украина. Тој ги прозва политичарите, НАТО и другите европски организации нарекувајќи ги неспособни.
„Политичарите се тука за да не дозволат вакви работи, но и понатаму се случуваат затоа што тие се неспособни, потполно неспособни. Тоа се случува затоа што тие не се во состојба ништо да направат“ – рече Гвардиола.
„Ова не се случува поради знаме, парче земја, ова се случува поради парите. Така беше во Сирија, Палестина, Југославија… Невини луѓе умираа и умираат поради двајца луѓе. И сето тоа поради пари. Да нема пари, не би ни имало војна. Оваа вона трае веќе осум, девет дена. НАТО и европските организации се потполно неспособни“ – порача Шпанецот.