Трамп поднесе жалба за учеството на претседателските избори

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ја обжали одлуката во американската сојузна држава Мејн која го спречува да учествува на претседателските избори.

Североисточната држава соопшти дека Трамп е дисквалификуван од трката за претседател поради неговиот удел поврзан со упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп се соочува со ист предизвик и во Колорадо.

Неговото учество на изборите останува под знак прашалник. Според сите анкети неговиот рејтинг постојано расте, додека на Бајден е понизок од кога било досега.