
Уште двајца пациенти кои го чекаа лекот Трикафта, во петокот го добија. Тие се на Клиниката за деетски болести и нивната здравствена состојба е стабилна. Од Министерството за здравство најавија дека новата година овие пациенти ќе добијат многу подобар квалитет на живот.
Сепак, трикафта не добија сите. Еден од пациентите со цистична фиброза, Игор Пехчевски се уште чека да биде повикан за да го прими лекот. Тој всушност е и првиот кој преку социјалните мрежи и медиумите информираше за недостатокот од терапија.
„Се надевам дека во текот на денот ќе добијам повик од докторите на Детската клиника како што беше најавено, дека во првата недела од новата година ќе добијам лек“ истакна Пехчевски.
Денес како што е најавено, уште двајца пациенти треба да го добијат лекот.