„Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив“. Ова го изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Санкциите имаат цена бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на краток рок“ – рече Орбан додавајќи дека Владата во Будимпешта мора да работи на ублажување на директната штета од мерките против Русија.
Тој оцени дека првиот удар за унгарската економија е затворањето на „Сбербанк“ во Европа на почетокот на оваа недела, при што многу клиенти, вклучително и компании, загубија пари.
Орбан рече и дека зголемувањето на цените на енергијата ширум Европа ќе поттикнат дополнителни инфлациски притисоци што централната банка и владата ќе мора да ги издржат.