Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди главниот јапонски остров Хоншу, поради што Националната метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами од 3 метри долж брегот на Јапонското Море.
Портпаролката на јапонската телевизија NHK континуирано и итно ги повикува жителите да бараат безбедност на високото место. Првично нема извештаи за штети или жртви, пренесе ДПА.
Damages in the town of Uchinada in Ishikawa, Japan after today’s 7.6 magnitude earthquake pic.twitter.com/j49NMfR0sz
— Visegrád 24 (@visegrad24) January 1, 2024
Епицентарот на потресот бил на полуостровот Ното во префектурата Ишикава, на околу 505 километри северозападно од Токио.
Јапонија е една од најзагрозените земји во светот од земјотреси.