Алек е првото родено дете во 2024 година, мајката долго чекала пород

Десет секунди по полноќ се роди првото бебе за оваа година.

Неговото име е Алек, тежи  3.760 грама, долго е 52 сантиметри, а родено е по природен пат.

Доктор Горан Димитров кој ја породи мајката на Алек – 34 годишната Наташа Стефковка од Скопје рече дека семејството долго чекало пород. Тој им порача на сите жени кои сакаат да станат мајки да го следат примерот на породената, на која желбата и се остварила, и тоа 10 секунду по полноќ.

Досега во Новата Година се родени шест бебиња на Гинекологија, од кои повеќето се машки.

Директорката на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, рече дека во првите 15 минути од оваа година биле родени три бебиња, а според неа, тоа е добар знак дека годината ќе биде подобра од претходната.