Атлетичар (34) пронајден со убодна рана во вратот, бил во автомобилот

Бенџамин Киплагат, спортист кој ја претставува Уганда, е пронајден мртов во родната Кенија, соопшти локалната полиција, а пренесоа светските медиуми.

Киплагат се натпреваруваше на 3.000 метри стиплчез на 34-годишна возраст, а учествуваше на неколку светски првенства и Олимписки игри.

Франс24 пренесува локални медиуми објавија дека Киплагат бил пронајден во автомобилот со убодна рана во вратот. Затоа се верува дека е убиен со нож.

„Покрената е истрага и полицајците се на терен и го истражуваат случајот“, рече Стивен Окал, полициски командир во Елдорет.

Неговото тело беше пронајдено во долината Рифт, во близина на градот Елдорет, каде што тренираше и се подготвуваше за натпревари.

Кариерата на Киплагат траеше 18 години и тој освои сребро на 3000 метри стиплчез на Светското јуниорско првенство во 2008 година.

Четири години подоцна ја освои и бронзата на африканското првенство, а шокантното убиство се случи две години по убиството на Агнес Тироп, кениска атлетичарка која беше избодена до смрт на 25-годишна возраст во нејзиниот дом во Итен, во близина на Елдорет.