Кристијано Роналдо е најдобриот стрелец во светот, ги остави зад себе Мбапе и Кејн

Некогаш најдобриот светски фудбалер, Португалецот Кристијано Роналдо, иако има 39 години, годината ја заврши како најдобар стрелец на планетата со вкупно 54 гола.

Напаѓачот на Ал Наср го постигна последниот гол во триумфот од 4:1 против Ал Тавун во саботата навечер.

Зад него останаа Килијан Мбапе (ПСЖ) и Хари Кејн (Баерн) со по 52 гола.

Интересно е што ова не е најдобриот учинок во кариерата на Роналдо во една календарска година бидејќи за Реал успеа да постигне 60 гола.

Минатата година во 2022 година Халанд беше најдобриот стрелец на светот, а тој успех веројатно ќе го повтореше и во 2023 година доколку не се повредеше пред речиси еден месец.