Телата на полицаецот, неговата сопруга и нивните две деца се пронајдени во саботата по полноќ во куќа во округот Рокланд во Њујорк, а се верува дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата го пронашла телото на нивниот колега Вотсон Морган (49), неговата жена Оренел (43) и нивните синови кои имале 10 и 12 години.
На сите четири тела имало видливи траги од огнено оружје.
Се верува дека Вотсон, кој бил наредник во Полициската управа Бронксвил ги убил своите деца и сопругата, па потоа си пресудил самиот. На самото место е пронајдено и огнено оружје со кое најверојатно е извршено бруталното злосторство.
Патролата дошла на неговата адреса откако Вотсон, кој требало да дојде на работа во 23.30 часот, не се појавил.
Според надлежните, никогаш во ова семејство немало пријава за насилство, така што на полицијата не им е јасен мотивот за грозоморниот чин.