Оставки во М-НАВ поради несоодветни вработувања: Криза во безбедноста на сообраќајот

Еден од тројцата директори на македонска навигација (М-НАВ), Љубе Стаменковски и раководителите на одделот за информатички и надзорни технологии, на одделот за надзорни системи, на одделот за навигациски системи, на електро-енергетски системи и на одделението за воздухопловна техника Охрид, поднесоа оставки од раководните функции, незадоволни од изборот на кадри кои се вработени во секторот за техника.

Извори за Телма велат дека кандидатите кои се примени на работа не ги имале потребните квалификации, а од друга страна не го поминале тестирањето. Членовите на комисијата која требала да го спроведе тесирањето не сакале да учествуваат во ваквиот избор на кандидати и поднеле оставки, велат извори од државната компанија.

Извршниот директор Фахрудин Хамиди за Телма изјави дека законите не се прекршени и дека кандидатите се примени на работа според истите услови како и претходните огласи.