Повеќе од 10.000 луѓе денеска учествуваа на протестот организиран од иницијативата „ПроГлас“ се одржа денеска во Белград.
Според „ПроГлас“, повод за протестот е промената на изборната волја на граѓаните и кражбата на изборите.Учествувсше и потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, која 13 дена штрајкува, а нејзиното доаѓање беше поздравено со громогласен аплауз од граѓаните.
Таа на сцената се качи со помош на колегите Мирослав Алексиќ и Радомир Лазовиќ. Овие избори мора да бидат поништени“, порача Тепиќ.
Поради изневерената изборна волја на граѓаните, бараме во рок од шест месеци да се одржат нови парламентарни и локални избори во Србија, откако ќе се направи темелна промена на изборните услови“, соопшти „ПроГлас“, симболично покажувајќи црвени картони за власта. Протестот заврши со големо ,,УА” за Александар Вучиќ.