Израел ја проширува офанзивата во Газа

Израел ја проширува офанзивата во Газа додека официјалните лица на ООН алармираат за опасноста за цивилите и прелевање на конфликтот.

„Постојаната дневна размена на оган преку сината линија претставува сериозен ризик за регионалната стабилност. Сè повеќе има напади врз цивилни области, со цивилни жртви, од двете страни. Регистрирани се напади подлабоко на териториите на Либан и Израел. Загрижуваат и зголемените напади на хутите во Црвено Море“, изјави Калед Киари, помошник генерален секретар за Блискиот Исток, Азија и Пацификот.

Јужна Африка покрена постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот.

Во истовреме, израелската војска соопшти дека уништиле едно од засолништата на водачот на Хамас, Јахја Синвар како и тунели на генералниот штаб на терористите.