Претседателката на Врховниот Беса Адеми постапи спротивно на Законот за судовите и ги пречекори и повреди законските овластувања како претседател на Врховниот суд, во смисла на член 79 Законот, а кој е основ за разрешување од функцијата, па барам Судскиот совет да донесе одлука со која ќе се утврди одговорност на претсдателот на Врховниот суд и со одлуката да ја разреши од функцијата претседател, побара денеска во завршните зборови членот на Судски совет Миљазим Мустафа на расправата по неговото барање за утврдување на одговорност на претседателката Арифи, а која, пак, на барање на Арифи беше отворена за јавноста.
Арифи ја бранеше адвокатката Павлина Зафиќ Јакимовска, коа во завршните зборови побара членовите на Судскиот совет да го отфрлат барањето за утврдување на одговорност, со цел, како што рече, да се сочува угледот и интегритетот на Судскиот совет, и додаде дека констатациите и прашањата што подносителот Мустафа ги упатил до претседателката Арифи се многу тенденциозни, со упатени јавни закани за нејзина кривична одговорност, во што адвокатката рече дека ги гледа вистинските причини и мотови за водење на постапката
– Сметам дека членовите на Судскиот совет со право на глас се ставени пред огромен предизвик и имаат историска шанса да ја вратат независноста на судството и да ја поправат перцепцијата што граѓаните ја имаат за судскиот систем. Верувам искрено дека ќе донесете одлука со која ќе ја запрете оваа постапка – рече Зафиќ Јакимовска во завршните зборови.