На Палевски му е одреден привремен затвор во Беликесир -Турција, информираат од Правда

На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во „Затворена казнено -поправна установа Беликесир“ – Турција, информираат од македонското Министерство за правда.

Оттаму соопштуваат дека „во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир – Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело `Намерно убиство на дете`, согласно Законот 6706 член 14, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја (РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена“.