Крадци на Грилиш му украле накит и часовници вредни еден милион фунти
Куќата на фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш била мета на крадци за време на победата на неговиот тим над Евертон, во средата навечер.
Неговата вереница и семејството го притиснале копчето за аларм, но крадците успеале да си заминат со накит и часовници вредни околу 1 милион фунти.
Грилиш, кој заработува 300.000 фунти неделно во Сити, го купил имотот за 5,6 милиони фунти минатата година, но се вселил таму на почетокот од овој месец.
Неговата свршеница, родителите, баба му и роднините, наводно, биле собрани околу телевизорот и го гледале како игра на „Гудисон парк“ во средата, пишуваат англиските медиуми.
Според „Сан“, тие ја алармирале полицијата откако слушнале необични звуци и гласно лаење од горниот кат. Полициски хеликоптер потоа ја надгледувал областа, а на соседите им било наложено да останат внатре.