Притвор за Србинот кој му се закануваше на новинар додека известуваше во живо

Вишиот суд во Белград вчера му одреди притвор на обвинетиот за нападот на новинарот на телевизијата Н1, кој може да трае најмногу 30 дена, соопштија денеска од судот.

Притворот на обвинетиот Г.М. му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, се вели во соопштението.

Тој е обвинет за насилно однесување на спортски настан или јавен собир.

Против наведеното решение е дозволена жалба до кривичен совет на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.

Новинарот на N1 Младен Саватовиќ беше нападнат на 25 декември додека известуваше од протестот во центарот на Белград.

За време на преносот во живо, маж му се втурил в лице и му се заканувал.