Тимошенко го повика Зеленски да претстави план Б

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, денеска го повика претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да им го претстави на Украинците таканаречениот план Б, кој треба да ја изведе земјата од „тешка и прилично трагична ситуација“.

„Сакам да му се обратам на претседателот и да го прашам. Да, денес сите сме за победа, за Украина, за територијален интегритет. Но, на Украина ќе ѝ биде многу тешко да води долготрајни војни како оваа што се води денес. И затоа го замолувам претседателот: понуди на земјата план Б за нашата победа. Понудете излез од оваа тешка, прилично трагична ситуација. Покажете го вашето лидерство. Мора да дејствуваме јасно, рационално, стратешки и победнички. И да не влегувам во слеп агол, ако некому тоа му се допаѓа“, рече Тимошенко во видеото што го пренесоа украинските медиуми.