Српскиот неделник „Недељник“ ја објави традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Како што велат, листата претрпе големи промени и сега доминираат три компании од Хрватска.
На листата водат сопствениците на хрватскиот „Инфобип“ Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ. Вредноста на нивната компанија за една година се зголемила за речиси 807,6 милиони евра и сега изнесува 3,307 милијарди евра.
Второто место го зазема Дубравко Гргиќ, сопственик на „Аграм Груп“, чија вредност се проценува на 3,12 милијарди евра.
На трето место е компанијата „Rimac Bugatti“, во сопственост на Мате Римац, со вредност на компанијата од 3,04 милијарди евра.
Следат двајца српски бизнисмени, Мирослав Мишковиќ од „Делта Холдинг“ (3,036 милијарди евра) и Миодраг Костиќ од „МК Груп“ (2,723 милијарди евра).
Оваа година, наведува неделникот, Мишковиќ стана првиот Србин чии компании, и само на територијата на Србија, вредат повеќе од 3 милијарди евра.