Еден 46-годишен маж загина, а неколку лица се повредени откако автомобил удрил во група луѓе во Шефилд, северна Англија, јави ДПА.
За инцидентот е уапсен 23-годишен маж, а 55-годишен маж е уапсен под сомнение за обид за убиство, соопшти полицијата во Јужен Јоркшир.
Пријавата за „насилство и нарушување на јавниот ред и мир“ во населбата „Бурнгрив“ е поднесена вчера во 14 часот. Додека полицијата патувала на местото на настанот, автомобил удрил во група луѓе.
Едно лице е констатирано мртво на местото на настанот, а друго е пренесено во болница во тешка состојба.
„Покрената е истрага за убиство“, соопштија органите на редот.
Полицијата соопшти дека како мерка на претпазливост ќе биде зголемено полициското присуство на теренот, а се прибираат информации од лицата кои живеат во околината и се прегледуваат снимките од камерите за видео надзор за целосно расчистување на случајот.