Градоначалничката Арсовска присуствуваше на берењето бадникови гранчиња

Во месноста Говрлевска краста, традиционално по 30-ти пат денеска се береа бадниковите гранчиња во пресрет на големиот христијански празник Бадник. Кум и здравичар се Божидар Јанковски и Анастас Тановски. На настанот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Бадниковите гранчиња кои денеска традиционално се береа на Водно ќе се делат во Соборниот храм на Бадник.