Владата на палестинското движење „Хамас“ соопшти дека од почетокот на војната на 7 октомври, израелските воени операции во Појасот Газа однесоа животи на најмалку 20.000 луѓе, пренесе „Франс прес“.
Меѓу загинатите има најмалку 8.000 деца и 6.200 жени, се вели во соопштението на прес-службата на владејачката влада на Хамас во Газа, додавајќи дека 52.600 луѓе се повредени.
Гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуција чија цел е подобрување на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа е повторно одложено, овој пат за утре, изјави постојаниот претставник на Еквадор, кој претседава со Советот овој месец.
„Советот за безбедност се согласи да ги продолжи преговорите денеска и да и даде повеќе време на дипломатијата. Претседателството ќе го презакаже гласањето за утре наутро“, изјави Хозе Хавиер де ла Гаска Лопез Домингез за медиумите на крајот од консултациите зад затворени врати.