Србија брои гласови – затворени избирачките места

Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни, покраински и локални избори, вклучувајќи го и градот Белград. Граѓаните избираат пратеници во Собранието на Србија, Парламентот на АП Војводина и советници во 65 градови и општини.

Изборите во 2023 година се одржуваат нешто повеќе од една и пол година по претходните парламентарни, градски и претседателски избори.

Според податоците на Републичката изборна комисија (РЕК), конечниот број на избирачи со право на глас на парламентарните избори е 6.500.666.

Градската изборна комисија (ГИК) утврди дека конечниот број на гласачи во градот Белград е 1.613.369 за изборите за советници на Градското собрание на Белград. На покраинските избори право на глас имаат 1.669.734 гласачи.

На вонредните парламентарни избори учествуваат 18 изборни листи, чии кандидати се борат за 250 пратенички места во српскиот парламент.

На изборите во Белград граѓаните избираат кандидати од 14 изборни листи, додека на покраинските избори има вкупно 13.