Скопје утрово седми најзагаден град во Европа

Скопјани утрово се разбудија во град исполнет со смог, а страниците кои информираат за аерозагадувањето покажуваат високи концентрации на штетните ПМ-10 суспендирани честички.

Според сајтот „IQAir“, Скопје утрово беше на седмото место помеѓу големите градови низ светот според аерозагадувањето. Со индекс од 162 главниот град се најде во друштво на градови како Мумбај и Калкута во Индија, Кувајт, Карачи во Пакистан или пак Ташкент во Узбекистан.

Според официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), највисоко загадување во 9 часот било регистрирано на мерната станица Лисиче (131 ПМ-10), Гази Баба и Центар (113) и Карпош (110).