Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски примено од турските власти

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосмничениот за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски е во тек, а Министерството за правда добило известување од надлежните органи во Турција дека барањето е пристигнато. Двете министерства се во постојана комуникација, но, сепак, постапката за екстрадиција би можела да трае и до неколку месеци, а скратена постапка е можна само кога лицето прифаќа да биде екстрадирано.

По повеќе од една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени, истрагата е во тек, а главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, завчера рече дека „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов
Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, вчера на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено.

Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција.

Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, вчера рече дека соработката со Министерството за правда на Република Турција е одлична и дека во скоро време очекуваат одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски.