
Пензионерите денеска пред Собранието во Скопје излегоа на протест поради, како што велат, незадоволство од антикризните мерки.
Орце Давитков – член на Иницијативниот одбор при Здружение на пензионери „За достоинствен живот“ од Кочани рече дека нивните барања се, по пет илјади денари линеарно и 18 илјади денари минимална пензија, жените над 62 и мажите над 64 години да не плаќаат ништо во здравството, да бидат ослободени од партиципација.
– Наместо да одиме напред со пензиите, ние се враќаме назад, очигледно дека пензионерскиот систем не е добар, нагласи тој.
Моне Горгиев – секретар на Здружението, рече дека имаат поддршка од една политичка партија, чии пратеници им рекле дека најбрзо штом ќе дошле на власт, ќе ги решеле проблемите на пензионерите.
– Пензијата не стига за трошоци. А не па за нешто друго, како бањско лекување, за тоа нема теоретски шанси. Пензионерот е доведен до работ на егзистенцијата – нагласи Горгиев.