Се преврте товарен воз полн со жито кај Риека, работниците во последен момент избегале

Товарен воз полн со жито утринава на пругата меѓу Шкрљев и Меја кај Риека удри во возило за одржување на пругата на Хрватски железници, при што голем дел од товарниот воз излета од шините.

„Во понеделник, 11.12.2023 година, во 08:49 часот помеѓу станиците Меја и Шкрљево, товарен воз на Rail Cargo Carrier – Хрватска се судрил со возило TMD HŽ Infrastruktur. Според првичните информации, нема повредени лица“ се вели во соопштението од Хрватски железници.

„Од засега непознати причини возот на РЦЦ кој се движел кон Риека не застанал на станицата Меја, која била задолжителна, откако поминал низ станицата, на отворена пруга налетал на железничко возило кое се користи за одржување на железничка инфраструктура. Сообраќајот меѓу две станици е во прекин, а патниците се превезуваат со автобуси на релација Риека – Пласе. Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата е во тек“, се додава во соопштението.

Работниците на ХЖ Инфраструктура, кои во тој момент работеле подолу по железничката пруга, биле навреме предупредени, па го избегнале налетот, објавија медиумите.

Во прекин е железничкиот сообраќај кон Риека.