Доктори во Србија од 22-годишна девојка извадиле тумор тежок 25 килограми

Екипата на Клиниката за гинекологија и акушерство на Клиничкиот центар на Србија во петокот ја оперирала 22-годишната Светлана, која од општата болница во Сремска Митровица била префрлена во Вишеградска.

Со отстранување на тумор со пречник од 70 сантиметри и тежок 25 килограми, и бил спасен животот, спасени и се репродуктивните органи, а сега на сите им испратила само една порака.

„Би сакала да ја искористам оваа прилика навистина да му се заблагодарам на д-р Стефановиќ и на целиот тим што работеше на мојот случај, всушност поради нив денес сум жива“, вели Светлана.

Иако пред само два дена имала тешка операција, а има маска на лицето, 22-годишната Светлана од Рума не ја трга насмевката од лицето, пренесуваат медиумите од соседството.

Таа во интервју за РТС сакала да се поздрави со семејството и пријателите, да каже дека е во сигурни раце и да испрати важна порака.

„Би сакала да испратам порака до сите, и млади и стари, не е важно возраста, проверете го вашето здравје, одете на лекар, изберете ги вистинските лекари“, изјави Светлана.

Проф. Д-р Александар Стефановиќ објаснил дека туморот припаѓа на левиот јајник, додека останатите органи се во воспалителен процес.

„Требаше прво да се исцеди течниот дел од туморот, само остана цврст, за да можеме да го отстраниме со правење засек“, рекол проф. д-р Стефановиќ.

Тим лекари од Вишеградска успеаја да и го спасат животот, но и десниот јајник и матка, за иден нов живот.