Ученичка пукала во училиште во Русија, па се самоубила – тројца се повредени

Денеска рано наутро имало пукање во училиште во областа Брјанск во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тасс.

„Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје во училиште од кое пукала неколкупати“, рекол изворот.

Според првичните информации, таа испукала неколку истрели при што повредила три лица. После тоа девојката се самоубила, соопшти полицијата.

Се утврдуваат мотивите и околностите на настанот, пренесува агенцијата ТАСС.