Срамна група на Фејсбук: Граѓани сметаат дека Палчо е наместен и застануваат во негова одбрана

Не поминаа ниту 24 часа од погребот на свирепо убиената Вања, на фејбук веќе се креираше срамна група која бара правда за првиоосминичениот Љупчо Палевски – Палчо осомничен дека директно го извршил двојното убиство. Во групата, каде во иста реченица се бара правда за Палевски, Вања и Жежовски, се дава поддршка за осмничениот. Се споделуваат теории на заговор дека бил наместен и дека на Палевски му бил монтиран случајот, што предизвика револт кај граѓаните кои неколку дена се жалат по оздемените животи. Групата е создадена од подржувачи на Палевски, а првата објава е од наводен Тони Десна, соодвествувајќи на името на партијата на Палевски. Спасовски вчера најави дека ќе се истражи секоја индиција, а не штедеше зборуви ниту за како што кажа неговото криминално дувло.

Дека станува збор за малоумни, за монструми, за луѓе кои што не можат да се наречат луѓе, тоа е факт.

За партијата на Палевски – „Десна“, за која министерот вчера побара да се укине до моментов не е поднесено никакво барање, велат за Канал 5 од Основниот суд 2 во Скопје, каде е и регистарот за партии.

Партијата на Палевски веќе некое време е обвинувана дека шири говор на омраза, и дека разгорува национална, расна и верска нетрпеливост, што е спротивно на членот 3 од законот за партии. По ова прашање се огласи денеска и шефот на државата, Стево Пендаровски.

Цел на говорот на омраза на Палевски, како што тврдат, со години биле и лица од манастирот Св.Јован Бигорски. Но, наведуваат и дека тој имал соработници од МПЦ.

„Ќе има ли одговорност и за нив, или едноставно ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество? Ќе дозволиме ли одговорноста за сиот тој пир на злото да ја понесе само главниот антагонист.“

Инаку, сите осомничени за убиствата и киднапирањата се членови токму на партијата „Десна“.