Бизнисменот и поранешен функционер Кочо Анѓушев попладнево испрати соопштение до медиуми. Вели дека нема основа да биде на црната листа на САД.
„Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департментот и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата“, вели Анѓушев во обраќањето до медиумите.
Тој вели дека има фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и дека е американски даночен обврзник, односно дека плаќа данок во Соединетите Американски Држави. Додава дека е партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД.