Градоначалникот Виктор Паунов по завршување на разговорот со полицијата кој се случуваше во ОУ „Страшо Пинџур“, изрази збунетост од демантот на МВР за пријавен инцидент за кој се разговарало на средбата, пренесе Лидер.мк.
Пред околу 30 минути завршив со разговорот со полициските службеници, кој се одвиваше во основното училиште ,,Страшо Пинџур” во присуство на директорката Наталија Костова, дел од техничката служба, како и двете деца врз кои беше извршен обид за киднапирање. Не го разбирам демантот на МВР, кој беше објавен во време кога уште течеа разговорите и се даваа изјави по повод случајот кој сите не вознемири – за ,,Фокус” појаснува Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци, штипско.
Детали за инцидентот според градоначалникот
Паунов се спротивставува на демантот на министерството, наведувајќи детали за инцидентот со лице кое ги мами учениците со фотографија и пари. Градоначалникот ја истакнува неусогласеноста меѓу она што тој го дознал и ставот на министерството.
-Директорката ми јави за случајот и јас веднаш заминав во училиштето. Бев присутен за време на разговорите со полициските службеници и сакам на јавноста да и кажам што точно се случувало утрово во училишниот двор, така како што беше раскажно пред полицијата.
Во демантот на МВР се наведува дека утрово околу 09.30 часот младо момче со возило Голф дошло во училишниот двор и ја поканило ученичката да влезе во автомобилот и одат на кафе, по што таа пријавила кај директорката, ситуацијата била далеку посериозна.
Во дворот со возило Голф, темно сина боја и со скопски регистарски таблички се паркирало момче, не се знае неговата возраст, излегло и му пришло на еден ученик. Извадило мобилен телефон и на ученикот му покажало фотографија од ученичка која е во деветто одделение, значи околу 13 години, и му рекол да ја повика. Му дал 200 денари во рака, за да ја викне. Ученикот го повикал девојчето, по што лицето од возилото и рекло да влезе во автомобилот за да одат на кафе и и нудело пари. Девојчето се исплашило, бидејќи не го познавала лицето, и веднаш заминала кај директорката да пријави.
Вториот обид за киднапирање
Истата личност цели на ученик од шесто одделение, обидувајќи се да го намами и тегне за јакната. Детето исплашено бега и инцидентот е пријавен кај директорот на училиштето, што доведе до вмешаност на полицијата, проверка на парите и собирање детали за возилото.
Во меѓувреме, истото лице му се обратило на момче од шесто одделение, кое е од турска националност, што беше спомнато и од директорката, дека се работи за две деца, од македонска и турска националност, и него се обидел да го намами да влезе во колата. Му покажал и понудил пари, дури и го повлекол за јакната за да влезе. Момчето се исплашило и не влегло во автомобилот, туку дошло кај директорката да и каже за настанот- појаснува градоначалникот.
Жалба за безбедност од градоначалникот
Паунов ја нагласува сериозноста на ситуацијата и апелира на зголемено полициско присуство во Карбинци. Тој се осврнува на загриженоста на жителите и се залага за зајакнати безбедносни мерки за да се спречат инциденти.
Истакнувајќи ја неизвесноста за мотивите на сторителот, Паунов бара брза идентификација. Тој ги смирува родителите, истакнувајки потреба од засилени безбедносни мерки за учениците од училиштето и очекува брза разрешница од надлежните институции.
Сакам да и порачам на јавноста дека ова е сериозен момент, настанот доаѓа во време кога целата земја е вознемирена од последните случувања, но и да упатам порака до МВР, дека Карбинци се наоѓа на седум километри од Штип и дека ние овде бараме редовно патролирање на полицијата. Тоа се реакции и од жителите кои неколкупати ги пренесувам, но без резултат.
И покрај претходниот демант на МВР, разговорите со инспекторите траат до 14:40 часот. Паунов ја нагласува потребата од темелна истрага, наведувајќи ги тековните мерки на СВР Штип, кои нудат надеж за брзо разрешување.
Не знам која била намерата на лицето кое се обиде да намами деца во автомобилот и да им нуди пари, и тоа во училишен двор, самото тоа зборува дека мора да се внимава и да се преземат мерки лицето да биде откриено што поскоро! Во ова училиште доаѓаат ученици од повеќе села, значи околу 300 деца, за кои мора да се гарантира безбедност!
Да не се крева паника и да не се предизвикува вознемиреност кај родителите, но и да се посвети сериозно внимание на безбедноста, посебно откако ова се случи. Инаку, истрагата, односно разговорот со инспекторите траеше речиси до 14.40 часот, а МВР објави демант околу 13.00 часот -појаснува Паунов.
Тој вели дека директорката е премногу вознемирена за да зборува, но како што изјави денеска пред камерите на регионалните телевизии, стои на изјавата дека станува збор за две деца кои се обиделе да бидат намамени и внесени со автомобил и очекува институциите наскоро да го решат случајот.
За „Фокус“ СВР Штип соопшти дека случајот се расчистува.
Извор: Фокус